ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

10:45 PM 4/28/2024 Времето во Скопје: 14°C

„Од атоми до универзумот“ – Прва научна книга на малиот гениј Македон Димитровски

страна.мк

29/03/2024

„Од атоми до универзумот“ – Прва научна книга на малиот гениј Македон Димитровски

Малиот гениј Македон Димитровски од Тетово, преку видео се пофали за објавата на неговата прва научна книга насловена „Од атоми до универзумот“.

Книгата е на англиски јазик и се состои од 19 поглавја, а Македон објасни и зошто:

„Оваа книга е напишана на англиски јазик и ја направив за да можат другите да научат за вселената и за да можат повеќе да се заинтересираат на оваа тема, за во иднина да имаме повеќе научници, што ќе сакаат да истражуваат и да учат“.

10-годишниот Македон во јавноста е познат по решавањето на математички задачи за средношколци, зборувањето на повеќе странски јазици како и своето активно учество на натревари каде има освоено многу медали.

Тој неодамна го објави и својот научен труд од областа на астрономијата, во која детално го опишува универзумот и неговото создавање.