ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

8:20 PM 4/28/2024 Времето во Скопје: 14°C

Два силни земјотреси со јачина над 5 степени ја потресоа Грција

страна.мк

29/03/2024

Два силни земјотреси со јачина над 5 степени ја потресоа Грција

Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го потресе југот на Грција нешто по 8 часот, а само минута подоцна следеше уште посилен од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил под морето, на неколку километри од популарниот туристички остров Закинтос и 37 километри од градот Филијатра, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

На веб-страницата на ЕМСЦ бројни жители на Грција пријавија дека го почувствувале тресењето, но засега нема информации за штети.

„Значително тресеше околу една минута. Најсилен земјотрес во последните неколку месеци“, се вели на страната.

„Беше како куќата да се врти во круг“, гласеше друг коментар.