ALK 16,966.98 0.09%

GRNT 1,304.81 0.37%

KIBS 16,700.00 11.33%

KMB 9,864.00 -2.26%

MPT 75,030.50 0.02%

RMDEN18 99.80

RMDEN19 99.90

RMDEN20 99.90

SBT 3,000.00

STB 1,295.60 -0.34%

TNB 26,200.00 0.03%

страна.мк

11:05 PM 10/20/2021 Времето во Скопје: 12°C

Aхмети подготвува изненадување: ДУИ ќе предложи кандидат за градоначалник на Скопје?

страна.мк

03/06/2021

Aхмети подготвува изненадување: ДУИ ќе предложи кандидат за градоначалник на Скопје?

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, најави големо изненадување кое ќе го обелодени на 5-ти јуни, кога се одбележува денот на формирањето на партијата.

„На-ти 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за првиот албански премиер“, рече Ахмети во средата во Липково.

Се шпекулира дека изненадувањето ќе претставува истакнување аеднички кандидат Албанец со коалицискиот партнер во влаата – СДСМ за градоначалник на Скопје. Тоа би значело дека актуелниот скопски градоначаник од редовите на социјалдеморкатите Петре Шилегов, нема да може да ја оствари амбицијата повторно да биде кандидат на владејачката коалиција.

ДУИ во средата од кумановско Липково ја започнаа постапката за избор на кандидати за градоначалници и за советници за локални избори кои треба да се одржат во втората половина на октомври годинава.

Партијата на Ахмети од средината на мај го најавува изненадувањето преку билборди во зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“. Слично на ова, во пресрет на парламентарните избори лани, ДУИ преку билборди со слоганот „Зошто не“ го најавуваше предлогот за прв премиер Албанец.

Инаку Еркан Арифи, актуелниот градоначалник на Липково, ќе биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина. Тоа го објави вчера Ахмети кој потврди дека до Генералниот совет на партијата ќе го предложи Арифи за кандидат за градоначалник на Липково.