ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

9:40 PM 5/16/2024 Времето во Скопје: 14°C

Како наближува Велигден и 1 мај, така растат и цените на храната, ама само во Македонија

страна.мк

29/04/2024

Како наближува Велигден и 1 мај, така растат и цените на храната, ама само во Македонија

Како наближуваат велигденските и првомајските празни, така растат и цените на овошјето и зеленчук, јагнешкото месо, ама само во Македонија. Последна во низата, екипата на „Канал 5“ напарви обиколка на еден скопски пазар, но и во дел од месарите, каде засега единствено велат поскпаено е само јагнешкото месо. Поразговаравме и со дел од пазарџиите. Ако до вчера килограм краставица на скопските пазари можеше да се најде и за 50 денари килограм, денеска цената е повисока за 10 денари, од 5 до 10 денари има промени и кај доматот, компирот, салатите. Дел од пазарџиите велат можно е цените да растат и во следните денови.

  • Некоја роба има разлика, но не верувам да се качи пред Велгиденот, може да се качи ама нема народ пари. 5 10 денари не е страшно, вчера беше краставицата 50 сега 60 денари. Доматот 100. Немаат граѓаните пари, со минимланна плата не може да искочи на крај со ова,“ изјави трговец на пазар.

Граѓаните ги прават последните подготовки пред празниците, тие викендов се растрчаа по пазарите да купат по некое овошје и зеленчук, но велат не можат многу да си дозволат бидејќи цените постојано растат. Во зависност од домашниот буџет и цените на производите трпезата годиава ќе биде велат поскромна.

Досега цената на јагнешкото месо за килограм во дел од месарите и маркетите е зголемена од 150 до 200 денари. Дел од сточарите велат пред велигденските празници цената секогаш била повисока, но ова што сега се случува е нералано. Според нив најголемиот проблем е кај трговците кои ставаат високи маржи, бидејќи велат нивната откупна цена е 220 денари за килограм, па јагнето според нив не би требало да биде поскапо од 500 денари.