ADIN 760.00 1.20%

ALK 18,161.66 1.69%

GRNT 1,250.12 0.01%

KMB 12,896.69 1.43%

MPT 73,300.00 0.27%

OKTA 3,750.00 -0.26%

RMDEN20 99.90

STB 1,499.61 -0.03%

STIL 95.00 -5.00%

TETE 2,350.00

TNB 28,001.00 0.11%

TTK 1,346.44 -1.65%

страна.мк

5:30 AM 5/16/2024 Времето во Скопје: 14°C

Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра 14:37| 29.04.24

страна.мк

29/04/2024

Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра 14:37| 29.04.24

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднела кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „измама” по чл. 247 и „фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.

Како што се наведува во соопштението од Финансиска полиција, првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти, го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори.

Првопријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена, со што овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари, се појаснува во соопштението од Управата за финансиска полиција.